Monday, September 27, 2021

Работилница за воведување на концептот за меѓуетничка инеграција во образованието на факултетите за идни наставници

Со цел да се иницира процесот за интегрирање на концептот за меѓуетничка интеграција  во високото образование што ќе придонесе кон  обезбедување одржливост на меѓуетничката интеграција во нашиот образовен систем, во Дојран на 30 и 31 август беше одржана работилница со дел од наставниот кадар на  државните факултети за идни наставници: Педагошки факултет „Св.Климент Охридски“, Скопје; Педагошки факултет „Св.Климент Охридски“, Битола; Факултет за образовни науки „Гоце Делчев“, Штип;  Филозофски факултет на ДУТ, Тетово,  и приватниот Факултет за јазици, култури и комуникации на Универзитетот за  југоситочна Европа, Тетово.  

На работилницата беа презентирани целите и активностите на ПМИО, додека  учесниците се воведоа подлабоко во методолгијата и методите за воведување и унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштата.  Учесници беа професори кои предаваат предмети со теми од подрачјето на мултикултурното образование, кои се соодветни за надградба и интегрирање на интеркултурниот концепт за поттикнување на свеста, позитивните ставови  и унапредувањето на вештини на идните наставници. Професорите имаа можност да дискутираат за нивните ставови и искуства во врска со начинот на кој тие досега го презентирале интеркултурниот концепт во своите предметни програми и начинот на кој тиевлијаат врз градењето интеркултурни компетенции кај своите студенти – идни наставници во нашето образование.

Работилницата резултираше со зголемен интерес на учесницитeза уште подлабоко запознавање и примена на концептот и ресурсите за унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието.