Monday, October 25, 2021

Потпишан меморандум за разбирање помеѓу Државен испитен центар и ПМИО

Денес, на 20 февруари 2015, во просториите на Државниот испитен центар, Скопје (ДИЦ) се потпиша Договор за соработка (меморандум за разбирање) помеѓу ДИЦ и ПМИО.

ДИЦ и МЦГО, во  текот на реализација на ПМИО,  ќе имаат континуирана соработка во подготовка на заедничка стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието и во вклучување на клучните елементи на концептот за меѓуетничка интеграција во образованието во содржината на државниот испит за директори на основните и средните училишта.