Saturday, September 25, 2021

Наставниците учат како да создадат и користат спорт и игри за да ги зближат децата

DSC01781

Игрите се секогаш забавни за младите луѓе. Покрај ова, тие се покажаа како корисни во зајакнување на вредностите како што се комуникација, тимска работа, почит и отвореност, кои пак помагаат во постигнување на целта за меѓуетничка интеграција во образованието помеѓу учениците. Ова е причината зашто користење спорт и игри во овој контекст може да бидат од голем корист за промовирање на подобрени односи и другарувања помеѓу младите од различни етнички припадности во Македонија.
На 28 и 29 март, за време на дводневната обука која се одржа во Струга, 29 наставници од 10 различни училишта и општини низ Македонија имаа можност да создаваат и да планираат спортски активности кои подоцна ќе бидат реализирани во пракса со учениците од нивните училишта. За време на обуката, организирана од страна на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во партнерство со Отворени забавни фудбалски школи (ОФФС), наставниците се внесоа во улога на ученици кои спортуваа и играа. Тие работеа кон создавање конкретни методи за тоа како да се користат ваквите DSC01743активности во образованието за цели на меѓуетничка интеграција. Учесниците со ентузијазам ги спроведоа активностите и со внимание го проследија предавањата на претставници од ПМИО и ОФФС, тие исто така ги споделија нивните мислења за тоа како најдобро да се искористат спортот и игрите во овој контекст. Учесниците ги претставуваа нивните внимателно избрани училишта со две или три наставни јазици.
На првиот ден од обуката, учесниците беа поделени на три групи и требаше да поминат низ три различни етапи на активности. Трите етапи имаа различни теми и разновидни активности кои соодветствуваат на темите. На крај од секоја етапа активности, учесниците даваа повратни информации, споделувајќи ги со тренерите од ОФФС. Првиот ден од обуката помина продуктивно но и забавно.
Вториот ден на обуката беше посветена на создавање нови игри кои би ги зближиле децата од различни етнички припадности. Подоцна, овие игри беа пробани од страна на наставниците на отворено, на плажа покрај Охридското езеро.
Учесниците подоцна ќе ги спроведуваат овие активности во нивните училишта, особено на часови по физичко воспитание и воннаставни спортски активности.