Monday, October 23, 2017
Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги ...

Повеќе

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

Мултикултурализмот да прерасне во вредност и свест

Forum megjuetnicka integracijaЗа да имаме вистинска меѓуетничката интеграција во образованието, потребни се радикални промени, поголема вклученост и поттик од државните институции, надградба на наставните програми за образување на идните наставници но и збогатување на повеќе предмети со содржини кои ги надминуваат стереотипите, предрасудите и етничките бариери, а едукацијата и активностите со наставниците, родителите и учениците треба да се фокусираат многу повеќе на практични работи, кои градат заедништво меѓу различните заедници преку соработка за теми кои се од заеднички интерес. Ова се некои од заклучоците на Форумот за меѓуетничка интеграција во образованието, кој се одржа на крајот на месец јануари 2014 во Скопје, а на кој учествуваа претставници на сите наставнички факултети од државните и приватни универзитети од земјава, на државните образовни институции, експерти и професори, граѓански организации, како и претставници на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, во чии рамки се организираше оваа средба.

Форумот идентификуваше конкретни состојби и можни решенија за подобрување на етничката интеграција и интеркултурна сензибилизација на идните наставници. Меѓу другото, се дискутираше и содржината на можен иден Прирачник за меѓуетничка интеграција/интеркултурна сензибилизација во наставните програми на педагошките факултети, кој треба да послужи за сензибилизирање на идните наставници за овие теми и нивната практична примена во наставниот процес. Покрај позитивните аспекти на меѓуетничката интеграција, беа потенцирани и предизвиците во реализацијата на замислените цели во образовниот процес. Се разви жива и корисна дебата, на која професорите и другите учесници покажаа голем ентузијазам и инспирација за соработка, со наведување на проблемите кои треба да се разрешат во процесот, како и конкретни примери на успешно спроведени активности во образованието во оваа насока. “Овој Форум доаѓа како вистинско освежување и знак дека сепак постои волја помеѓу професорите да соработуваат и да DSC09839се инволвираат во вклучување на концептот на меѓуетничка интеграција на образованието во земјата. Форумот е значаен не само поради тоа што собра на едно место професори од петте педагошки факултети во земјава, туку и поради покажаната отвореност на професорите за соработка за внесување на аспекти на меѓуетничката интеграција во образованието. Меѓу другото, некои од темелите поставени на Форумот се подготвеноста за модифицирање на наставните содржини, со што во нив би се вклучиле сегменти на мулти и интеркултурна сензибилизација, а учесниците покажаа и ентузијазам за изработка на прирачник за наставниците, кој би ги покрил овие интересни теоретски содржини но и дидактичките техники кои би ги третирале овие теми во училницата.”, вели д-р Маја Мухиќ,  модератор на Форумот.

Учесниците на средбата дефинираа и конкретни заклучоци и препораки, повеќето од кои упатуваат на зголемување на практичната примена на теоретските аспекти на меѓуетничката интеграција. Овие практики треба да се проткаат во целиот образовен процес, во пристапот на наставниците, во наставните програми, во повеќе предмети, но и воншколски активности кои можат да послужат како средства за градење на заедништво и надминување на етноцентризмот и етничкиот паралелизам во образованието. Општ заклучок е дека повеќе заеднички и конкретни активности на наставниците, професорите, студентите, учениците, родителите и другите засегнати страни, можат да придонесат кон тоа мултикултурализмот и меѓуетничката интеграција во образованието, од концепт и сет на активности, да прераснат во вистинска вредност и свесност.