Monday, September 27, 2021

Меѓуетнички интегрирана посета на Претседателот на РМ

Учениците од VIII одделение и наставниците по граѓанско образование од партнерските основни училишта „Крсте Мисирков“, со настава на македонски наставен јазик и „25 Мај“, со настава на албански наставен јазик, на 13 декември 2013 година остварија средба со Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Посетата се реализираше како дел од активностите во Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието и претставува дел од заедничка краткотрајна воннаставна активност, чија цел е градење меѓусебна доверба и соработка, развивање на граѓанската доблест (лојалност) и засилување на чувството на припадност кон Република Македонија. Во текот на планирање на активностите се случија неколку средби на запознавање, планирање, договарање и зближување на партнерските училишта. Посетата беше искористена и за смена на старото со ново знаме на Р.Македонија, церемонија која се одвива секој месец. За децата ова беше средба за паметење, за што сведочат и приложените фотографии. Целта единствена – нашето заедничко сонце – мултикултурно, меѓуетнички интегрирано, а пред се човечки!