Sunday, May 16, 2021

Мастер oбучувачите во aкција

Во рамки на компонентата градење капацитети на училишно раководство и наставниците  во тек е обука (30.09.-2.10.2012 во Охрид) за мастер обучувачи кои се подготвуваат за спроведување на обуки за воведување на концептот за меѓуетничка интеграција во образованието.

Мастер обучувачите учествуваат во симулирани и искуствени активности кои ќе им помогнат да ја зголемат нивната компетентност за успешно пренесување на содржините на меѓуетничка интеграција во образованието.

Обучените мастер обучувачи своите знаења ќе им ги пренесуваат на тимовите за училишна интеграција од основните и средните училиштата од пилот општините Бутел, Тетово, Битола и Струмица.