Sunday, May 16, 2021

Искуства преточени во четири анимирани едукативни видеа – како водич за успешна интеграција меѓу младите

Како училиштата да организираат успешни заеднички ученички активности? Одговорот на ова прашање го содржат четирите кратки, едукативни, анимирани видеа кои беа презентирани на неодамнешниот промотивен настан што се одржа во Кинотека на Македонија. Видеата го прикажуваат вистинскиот начин и пристап за организирање на краткорочни и долгорочни училишни активности во кои учествуваат ученици од различни наставни јазици.

Во продолжение на настанот, учениците од партнерските училишта ги демонстрираа заедничките ученички активности кои ги спроведуваат со цел да се унапреди меѓуетничката интеграција помеѓу нив, но и во нивните заедници. Тие пееја на различни јазици и изведоа театарска претстава пред бројната публика.

На крајот, стотината гости, претставници на училиштата, општините, Министерството за образование и наука, УСАИД и невладините организации, им се придружија на учениците во практичното работење. Тие заедно изработуваа маици, изведуваат хемиски експерименти и подготвуваа креативни ракотворби со сребрен и златен конец.

Останатите едукативни анимирани видеа може да ги погледнете тука.