Saturday, November 18, 2017
Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги ...

Повеќе

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

Заеднички спортски и забавни игри во Тетово

На 6 октомври, 2013 г. на игралиштето на средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово се одвиваше настанот на заеднички спортски и забавни игри помеѓу ученици во етнички мешани групи од 4 основни училишта: Наим Фрашери и А.С. Ќикиш – Тетово, Браќа Миладиновци, с. Табановце и Кирил и Методи, с. Романовце. По уводното запознавање и извршената поделба во етнички мешаните групи со учество на ученици од сите училишта, на секоја од осумте станици,  во секоја група подеднакво поделени според етничка и родова припадност, отпочнаа игрите во кои учениците учествуваа со уживање и радост. На секоја станица имаше различна вежба која сите ученици успешно ја реализираа и по 2 наставника на македонски и албански јазик и ученици – асистенти кои помагаа во реализација на вежбите со многубројни реквизити кои беа на располагање. После 15-20 минути игра во конкретна станица, секоја група ротираше во наредна станица продолжувајќи со учењето на вежбата со големо љубопитство.

Спортските и забавните игри се добиваа во прекрасна атмосфера на двочасовното дружење, ентузијазам  и меѓусебно запознавање на учениците преку игра, пропратено со музика, која на крајот помина во забава во која сите ученици беа победници. Пред крајот на овој забавен настан сите учесници пееја и се забавуваа со разни игри и танци блиски и познати за нив, придружени од нивните наставници, родители и др.

Овој настан беше медиумски покриен од повеќе медиуми.