Saturday, June 12, 2021

Заеднички спортски и забавни активности во две основни училишта во Тетово и Чаир

По летниот одмор, продолжија заедничките спортски и забавни активности кои промовираат меѓуетнички активности со учениците во етнички мешани групи во две основни училишта Наим Фрашери – Тетово и Адем Јашари-Чаир.
Секоја вежба (како што се фудбал, движење во вреќа, скокање на јаже, итн) е создадена да нема победник помеѓу учениците од различните наставни јазици, на начин кој овозможува секое дете учесник во игрите да се почуствува како победник.
На 6 септември 2013 година околу 50 етнички мешани ученици (Албанци, Турци и Роми) во училишниот двор на основното училиште Наим Фрашери во Тетово, учествуваа во спортски и забавни игри кои беа следени од голем број на ученици и родители. Вежбите беа изведени на три локации (именувани како “станици”) во училишниот двор, кој беше полн со ученици, наставници и родители кои ги гледаа спортските игри.
Исто така, охрабрени од своите врсници и наставниците во публиката, околу 50 ученици во спортската сала на основното училиште “Адем Јашари” во Чаир изведуваа активности водени од страна на нивните наставници на три станици за игри и вежби.
Спроведениот циклус на заеднички спортски и забавни активности кои промовираат меѓуетнички активности во осум училиштата е подготовка за понатамошни настани на кои учениците со различно етничко потекло ќе дојдат во директен контакт и ќе се дружат во етнички мешани групи преку спортски и забававни игри, запознавајќи се едни со други подобро.