Wednesday, December 8, 2021

Единствен туристички водич за Велес и Куманово – еден од многуте плодови на партнерството меѓу две училишта од овие градови

DSC03959Со претставување на туристичкиот водич за Велес и Куманово, учениците од средните училишта „Коле Неделковски“ од Велес и „Наце Буѓони“ од Куманово ja започнаа презентацијата на заедничките активности, кои ги спроведуваа во текот на изминатата учебна година. На настанот кој се одржа во ССОУ „Коле Неделковски“ изминатата недела, учениците го презентираа единствениот туристички водич посветен на Велес и Куманово. Водичот зборува за местоположбата на двата града, историјата, архитектурата, храна, како и за познатите творци кои потекнуваат од таму.

На презентацијата, на која допатуваа и учениците од Куманово, освен туристичкиот водич, беа претставени и други активности, кои учениците ги имале во изминатиот период. “Спортот е одличен повод за дружење, и од таа причина проектот во нашето училиште го започнавме со спортски натпревари, во кои беа вклучени ученици од мешан етнички состав. Целта на овие натпревари не беше да се натпреваруваме и докажуваме, туку да го одбележиме Меѓународниот ден на толеранција“, вели Бени, еден од учениците од училиштето – домаќин.

Во изминатите месеци, покрај Меѓународниот ден на толеранција, сеорганизираше и мултикултурна работилница на тема „Прослава на празниците Божиќ и Бајрам“, во која беа вклучени и родителите. Освен тоа, при посетата на Куманово, се организираа и спортски натпревари на спортското игралиште на ОСТУ „Наце Буѓони“, а покрај спортувањето, учениците имаа можност да  дружат, да се прошетаат низ градот и да се запознаваат со културно –историските споменици на Куманово, при што сликаа фотографии за подготовка на туристичкиот водич.

DSC04063По завршување на презентацијата, учениците од двете училишта на хамери направија постери со фотографии од местата кои што ги посетиле заедно, додавајќи коментари под секоја фотографија и цртеж. Постерите беа презентирани пред присутните. На крајот, учениците од двете училишта заминаа на заедничко разгледување на Велес.