Saturday, September 18, 2021

Од 21.01 до 31.03 – Конкурс за иновативни практики за Меѓуетничка интеграција…

Конкурс за иновативни практики за Меѓуетничка интеграција во образованието (МИО)

Во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), реализиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), во соработка со образовните институции во Република Македонија, се објавува конкурс за иновативни практики за меѓуетничка интеграција.

Целта на конкурсот е да се изберат наставниците, директорите и стручните соработници кои успешно применуваат интерактивни методи и приоди во реализација на активности што даваат можност кај учениците да се развиваат компетенции и вредности за меѓуетничка интеграција.

Најдобрите избрани примери на иновативни практики за МИО ќе бидат публикувани и презентирани на национален фестивал кој ќе се одржи во јуни 2016 година.

Повеќе информации тука.