Saturday, December 3, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Објава на повик за пријавување на училишта за учество во компонентата Модел училишта на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), финансиран од УСАИД и реализиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование во соработка со Центарот за човекови права и разрешување конфликти, 22 мај – 04 јуни 2012

Со задоволство ве известуваме дека започнува процесот на избор на училишта кои се пријавуваат за да станат модел училишта во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) (www.pmio.org.mk ) на кој може да се пријават основни и средни училишта од Република Македонија. Повеќе информации за активностите на компонентата Модел училиштата може да се најдат тука (резиме на К3).

Заинтересираните училишта може да конкурираат за модел училишта:

  • со индивидуална пријава, поднесена од страна на основно училиште (IA-PM), или средно училиште (IA-SM) со настава на два или три јазика,
  • со индивидуална пријава поднесена од страна на еднојазично основно училиште (IA-PR), или средно училиште (IA-SR) со значителен процент (над 20%) ученици од ромската заедница, или
  • со партнерска пријава, поднесена од две основни училишта (PA-PH) или две средни училишта (PA-SH) со настава на еден, но различен јазик, лоцирани во иста или во соседни општини.

За да конкурираат, заинтересираните училишта треба да достават апликација која вклучува:

  1. Пополнет Формулар за пријавување за избор на модел училишта
  2. Изјава на директорот за мотивираноста на вработените за учество во проектот како модел училиште
  3. Одлука на Училишниот одбор со која се потврдува пријавата на училиштето
  4. Одлука на Советот на родители за учество во модел училиштата
  5. Писмо за поддршка од општината, пополнето од страна на градоначалникот

Формуларот за пријавување за избор на модел училишта со попратните документи се достапни и со кликнување на соодветната ознака на пријавата:  IA-PM,  IA-SM , IA-PR , IA-SRPA-PH , PA-SH.

Периодот за поднесување на апликацијата трае до 4 јуни 2012 година (до 16 часот). Пријавата се пополнува електронски и се испраќа по е-пошта на saf@chrcr.org.mk. Воедно, задолжително се испраќа и отпечатена верзија на апликацијата по редовна пошта, на адреса:
Сафет Балажи
Центар за човекови права и разрешување конфликти
П. Фах 39, 1020 Карпош
Скопје

За дополнителни информации можете да се јавите на Сафет Балажи, координатор за Компонентата Модел училиштата, на телефон 071/341-106.

Од пристигнатите апликации, врз основа на однапред определени критериуми, ќе се направи избор на модел училиштата во рок од најмногу 10 дена од последниот ден за пријавување. Резултатите од направениот избор ќе бидат објавени на веб странaтa: www.pmio.mk.