Thursday, June 29, 2017
Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги ...

Повеќе

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

Објава на повик за избор на мастер обучувачи во Компонентата за градење капацитети на училишното раководство и наставниците, 17 – 27 мај 2012

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието објавува повик за избор на мастер обучувачи во рамките на компонентата Градење на капацитети на училишното раководство и наставниците.

Опис на проектните активности

Активностите во оваа компонента се насочени кон зајакнување на капацитетите на образовните институции и општините за поддршка на реализацијата на мултиетничките активности во сите основни и средни училишта во Република Македонија.

Планирани се различни обуки на кои ќе учествуваат претставници од образовните институции, општините и училиштата (наставници, директори, стручни соработници, членови на училишен одбор, родители, ученици). Исто така, предвидени се активности за поддршка на училиштата со кои ќе се обезбеди одржливост на мултиетничките активности и по завршувањето на проектот. Проектните активности ќе се одвиваат од јуни 2012 до крајот на 2015 година.

Со проектните активности во сите основни и средни училишта ќе раководат тимови за училишна интеграција, применувајќи го приодот „делување на училиштето во целина“ со постојана поддршка и насоки што ќе ги добиваат во соработка со Бирото за развој на образованиео, Центарот за стручно образование и обука, Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар и со општините во Република Македонија.

Очекувани резултати од реализација на проектот се:

·    Зголемени знаења на учениците за содржини кои може да придонесат за меѓуетничка комуникација и разбирање;
·    Зголемени знаења и вештини на наставниците и другите вработени во училиштата во спроведување мултиетнички активности во наставата и воннаставните активности;
·    Воспоставена соработка меѓу наставниците на професионален план насочена кон зголемување на меѓуетничкото разбирање и почитување во заедницата;
·    Зголемена соработка на училиштето со локалната заедница, училишните одбори и родителите во спроведување на заеднички мултиетнички активности/проекти со ученици;
·    Изграден систем на менторски активности за поддршка во активностите за меѓуетничка соработка;
·    Вклучени активности за меѓуетничка соработка во годишните програми за работа на училиштата;
·    Зголемена соработка и размена на добри практики меѓу училиштата во општината и/или меѓу општини преку мрежа на интегрирани училишта.

Начин на аплицирање

При аплицирањето треба да се имаат предвид следните работи:
1.    На повикот за избор на мастер обучувачи може да се пријават:
·    практичари од училишта (директори, стручна служба и наставници од основни и средни училишта);
·    наставници од наставнички факултети;
·    обучувачи од невладини организации.
2.    Избраните мастер обучувачи ќе имаат следни одговорности:
·    Учество во „обуки за обучувачи“ и комплетирање на процедурата за квалификување за обучувачи.
·    Спроведување на обуки со различни целни групи од основните и средните училишта поделени во три фази (пилот фаза – 2012; втора фаза – 2013 и трета фаза – 2014).
·    Поддршка на училиштата во дисеминација на обуките во училиштата.
3.    Заинтересираните кандидати за избор на мастер обучувачи треба да достават следни документи:
·    Кратка биографија;
·    Пополнет формулар за апликација кој што може да го најдат тука;
·    Приложени сертификати според насоките дадени во апликацијата.
4.    Апликацијата и другите документи се подготвуваат на македонски јазик. Aпликантите чиј што мајчиниот јазик е различен од македонскиот јазик да ги достават документите и на својот мајчин јазик.
5.    Изборот на мастер обучувачите ќе се прави врз основа на дефинирани критериуми според барањата дадени во формулаторот за апликација и приложените документи.
6.    Поднесувањето на апликацијата и другите документи ќе започне на 17.05.2012 и ќе трае до 27.05.2012 година.

Пополнетите апликации и другите наведени документи да се испратат:
·    по пошта на адреса ПМИО – Компонента 2, ул. Козле 1-б, Скопје и
·    по е-пошта до sjankulovska@mcgo.org.mk.

За подетални информации во врска со апликацијата може да ги контактирате Снежана Јанкуловска и Игор Ордев на телефон 2 3067 981 – локал 115 и 118.