Saturday, November 18, 2017
Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги ...

Повеќе

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

Мисија

Петгодишниот проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието  работи на зголемување на разбирањето кај пошироката јавност за придобивките за сите граѓани што произлегуваат од интегрирањето на образовниот систем во Р. Македонија. Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието работи на создавање на политичка, социјална и економска клима потребна за Македонија да постигне одржлива интеретничка интеграција во училиштата, во останатите образовни институции, па и во целото општество.

Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието го сочинуваат четири комплементарни компоненти:

  • Компонента 1: Информирање на јавноста и заедниците
  • Компонента 2: Градење на капацитетите на училишното раководство и наставниците
  • Компонента 3: Модел училишта
  • Компонента 4: Обезбедување стимул за училиштата и за локалните заедници

Во фокусот на проектните активности се учениците, родителите, наставниците, администрацијата и членовите на училишните одбори во сите основни и средни училишта во Р. Македонија. Притоа, советниците од Бирото за развој на образованието и просветните инспектори на државно и регионално ниво исто така имаат централна улога во постигнувањето на одржлива промена и учествуваат во активностите за јакнењето на способностите. За успех на Проектот потребно е сите заинтересирани учесници од училиштата, заедниците и локалната власт да учествуваат во овие активности. Нашиот пристап во имплементирањето на Проектот создава средина во која сите страни активно учестуваат во оваа иницијатива. Тие ја разбираат важноста на меѓуетничката интеграција во образованието и кон овој Проект да се однесуваат одговорно и отчетно сѐ со цел да се постигне успех.

Постигнувањето и одржувањето на меѓуетничка интеграција во образованието е еден комплексен и долгорочен процес. Препознавајќи го ова, Проектот ги вклучи главните заинтересирани учесници во сите активности, така што во текот на Проектот тие ја преземаат одговорноста за постигнување на проектните цели и се двигатели на одржлива  промена. Со планот на Проектот, исто така, внимателно се прави редослед на активностите, така што во секоја фаза се градат способности потребни за фазите што следат. Најважно е подобрувањето на меѓуетничката комуникација и надминување на етничките, културолошките и јазичните препреки.